СДСМ Прилеп се поклони пред пожртвуваноста на загинатите припадници на МВР во Куманово

sdsm prilep se pokloni 05Почитувани,

Општинската организација на СДСМ од Прилеп се поклонува пред пожртвуваноста на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи во Куманово, и изразуваме најдлабоко сочувство до нивните семејства.
Во нивна чест и слава, денес, претставници и членови на СДСМ од Прилеп, положија свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во центарот на градот.
Во овие тешки моменти и денови за жалост за Република Македонија, испраќаме повик за смиреност и присебност на сите граѓани во општина Прилеп, без разлика на националната, верската и политичката припадност. Да не дозволат да бидат вмешани во сценарија за ескалација на состојбите и дестабилизација на Македонија, што може да доведе до нови трагедии.

Со почит!
ОО СДСМ Прилеп