СДСМ Прилеп против родовото насилство

Кети Смилеска – Координатор на Форум на жени при ОО СДСМ Прилеп

Почитувани,

Жените членки на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, едногласно се спротивставуваме на сите форми на насилство врз жените.

Под симболот на сината панделка, започнавме кампања „16 денови женски активизам“ за борба против сите форми на родово базирано насилство, којашто ќе трае до 10 декември.

Нашата визија за Македонија е:

Земја во којашто сите подеднакво и рамноправно ќе ги уживаат основните човекови права.

Земја на еднакви можности.

Земја со нулта толеранција на родово базирано насилство.

Македонија едно општество за сите.

Форумот на жени при Општинската организација на СДСМ од Прилеп,  како дел од кампањата „16 денови женски активизам“, ќе се вклучи во повеќе активности и тоа:

–      Во следните 15 денови ќе подаруваме сини панделки и печатени брошури за човекови права со акцент на родова еднаквост;

–      На 28.11.2015 година (сабота) со почеток во 18 часот, во просториите на старата општинска зграда, организираме трибина на тема „Заедно во борбата против сите форми на родово базирано насилство“.

Во оваа прилика ги повикувам сите граѓани на Прилеп, а посебно ги охрабрувам жените прилепчанки, да земат активно учество на трибината.

Ги повикуваме сите локални медиуми, како и новинарите, да се приклучат во оваа кампања.