sdsmlsРеакција на прес на ДПМНЕ од 14.12.2012

Почитувани од ДПМНЕ,

Доста ги злоупотребувате и лажите пензионерите, земјоделците и социјално загрозените семејства, дека нема да добијат средства.
Како не ви е срам кога народот гладува и мизерува, да трошите над 200 милиони евра народни пари од државниот буџет на: мерцедеси и луксузни возила, на мебел по министерства, на владини реклами за розова слика, на еконосмки промотори кои прават екскурзии низ цел свет, а не донесоја ниту едно евро инвестиции.
Невидено расипништво! Господо од ДПМНЕ изгубивте допир со реалноста.
Борбата на СДСМ е сето ова да го спречи, и ќе го спречиме, и на централно и на локално ниво . Почитувани сограѓани нашите амандмани, кои ДПМНЕ ги одбива се:

  • Да ја намалиме невработеноста во Прилеп, која по заслуга на ДПМНЕ и Марјан Ристески достигна страшни над 40 % !
  • Да се подобри инфраструктурата на патот Прилеп-Градско.
  • Да се изградат и доделат социјални станови на социјално загрозени семејства од Прилеп.
  • Да се зголемат и редовно да се исплаќаат субвенции на вистинските земјоделци, а не на оние по мерка на ДПМНЕ. Пензиите и социјалната помош да се зголемат и да не каснат со месеци како сега.

Ова е борбата на СДСМ и на Хари Локвенец за враќање на достоинството на Прилеп и прилепчани. Оваа борба ќе ја добиеме.

СО ПОЧИТ:
СДСМ ПРИЛЕП