sdmmВалентин Божиноски – Потпретседател на СДММ
Почитувани,
Социјалдемократската младина на Македонија, во многу наврати и прилики покажала дека е основниот двигател на сите позитивни промени во Општеството.
Целиот свој потенцијал и енергија, ние младите социјалдемократи ги црпиме од нашата цврста одлучност и решителност, со целиот свој капацитет да се исправиме пред сите проблеми и приоритети со кои се соочуваат младите во државата.


Во интерес на поголемо мобилизирање на социјалдемократската младина, и максимална спремност за справување со сите општествени и политички предизвици, во овој период го заокружуваме процесот на реорганизација. Период, во кој стотици нови, храбри и одлучни млади луѓе, ширум државата, секојдневно ни се приклучуваат во битката за подобра и посвелта иднина.
Со цел внесување на исто таква нова енергија и импулс, социјалдемократската младина од Прилеп избра ново локално раководство, нов тим кој ќе ги предводи во идните победи.
Имено,со особена чест Ве информирам дека младите социјалдемократи, сплотени и единствени, за нов претседател на Локалниот Клуб го избраа Александар Џагадуроски.
Ви благодарам.

djagiАлександар Џагадуроски – Претседател на ЛК СДММ Прилеп
Почитувани,
Со огромна чест и задоволство, но истовремено со длабоко чувство на одговорност, во овие исклучително тешки времиња за сите, го прифатив предизвикот да ги предводам младите социјалдемократи од Прилеп.
Податокот од Светска Банка, дека 450 илјади луѓе, од кои најмногу млади, ја напуштиле Македонија, како и фактот со кој според „ЕУРОСТАТ” сме трети по сиромаштија во Европа, се целосен пораз за политиките на оваа власт во изминативе 8 години.
Во таа насока, предложивме серија конкретни и остварливи мерки за справување со овие проблеми, кои изминативе месеци во повеќе наврати беа промовирани.
Ќе потсетам на неколку:
• Отворање на 16 бизнис инкубатори низ Македонија, преку државно финасирање со по 10 илјади евра на 320 биснис идеи годишно, со што директно ќе се вработуваат над 5.000, пред се млади луѓе, секоја година.
• Ослободување на работодавачите, во период од една година, од обврска за плаќање на придонеси при прво вработување на млади до 27 години, со услов да ги задржат како вработени уште најмалку 2 год.
• Финансиска месечна поддршка, за период од 6 месеци, при вработување на невработени млади до 27 годишна возраст, со обврска работодавачот да ги заддржи на работа, минимум дополнителни 12 месеци.
• Идната влада на СДСМ ќе спроведе и финасиски ќе поддржи неколку програми: за практиканство, за стажирање, и за „летна пракса” за млади до 27 години и за студенти.
• Исто така ќе ја воведе таканаречената Младинска гаранциска шема, по урек на државите членки на Европската Унија. Односно, државата ќе превземе обврска да им обезбеди понуди за вработување, натамошно образование или дообука, на сите млади во рок од 4 месеци, откако ќе се пријават во Агенцијата за вработување.
Почитувани,
Принципот на отвореност и пружена рака кон секој млад човек, препознавањето и борбата со проблемите, е она што не прави различни од другите.
Ги повикувам сите млади од нашата Општина, да ни се придружат и да застанат на вистинската страна. На страната на прогресот и развојот!
Истовремено, Локалниот Клуб на млади од Прилеп, се приклучува на иницијативата за борба против ракот ,по повод 4-ти Февруари, светскиот ден на борба против оваа болест.
Ви благодарам.