СДММ Прилеп помага за поплавените подрачја во скопско

Соопштение

Почитувани,

Локалниот клуб на млади при ОО СДСМ Прилеп продолжува со хуманитарните активности за помош за настраданите од поплавите во скопскиот регион.

На денешниот хуманитарен пункт младите социјалдемократи поддржани од граѓаните на Прилеп, собраа значителни количини на вода, конзервирана храна, средства за хигиена, чисти постелнини и други неопходни средства за настраданите во поплавените подрачја.

Покрај ваквите активности, активисти на општинската организација на СДСМ секојдневно се на терен, каде помагаат во расчистувањето на поплавените куќи и домови.

Ги повикуваме сите граѓани да се вклучат со донации и лична помош на терен.

Време е за хуманост, солидарност и подадена рака!

Со почит!

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп