Prilep 2Почитувани,

Денеска младите социјалдемократи од Прилеп, го исчистија спомен обележјето од НОБ во нивниот град, во пресрет на 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.

Чествувањето на 3 Ноември ќе продолжи со утрешен хепенинг, во центарот на градот, организиран од ЛК СДММ Прилеп.

На овој начин, младите од Прилеп, изразуваат благодарност до оние кои се најзаслужни за денешната слобода и се приклучаат кон одбележувањето на 23-от роденден на СДММ, под мотото “23 години – опција за младите”.