Миле Талевски – Член на Совет на општина Прилеп

Крајот на ВМРО-ДПМНЕ се наближува. Нови скандали ги тресат партиските послушници на Никола Груевски.

Граѓаните на Прилеп беа сведоци како Анастасија Илиеска, од позиција Државен секретар на МВР ја злоупотребила својата позиција за приватни цели.

Нејзиното службено возило, сопственост на МВР, се користи за приватни цели и потреби од страна на нејзиниот сопруг.

Ваквото самоволие и непочитување на прописите во институцијата во којашто работи не е ништо ново за Анастасија Илиеска.

Ја повикуваме да одговори, од кои причини беше времено суспендирана од работа во Управата за јавни приходи, пред да биде наградена со нова работна позиција во МВР од страна на ВМРО-ДПМНЕ?

На кој начин е стекнат нејзиниот семеен капитал, односно елитен деловен простор во строгиот центар на градот, огромна куќа во типската населба во Прилеп, солиден возен парк и кафе бар на три ката?

Како може државен службеник со просечна плата од администрација да се стекне со толкав семеен имот?

Делумно одговорот на тоа може да се добие од завршната сметка на општина Кривогаштани за 2015 година, каде што е евидентирана набавка на спортска опрема во висина од 152.629,00 денари, преку фирмата ПАРЕНЦО ДОО во сопственост на сопругот на Анастасија Илиеска.

Државната секретарка во МВР, прилепчанката Анастасија Илиеска, треба да одговори како продавачот на патики и друга спортска опрема од бутикот на нејзиниот сопруг, успеа да се вработи во прилепската полиција?

Почитувани, доаѓа време кога извршителите на волјата на Никола Груевски на штета на граѓаните ќе се соочат со правдата и ќе одговараат за сите злоупотреби.

Доаѓа крајот на криминалните политики. Доаѓа слободна и демократска Македонија. Секој што го прекршил законот ќе одговора.