Рушевина наместо современ безистен во Прилеп

1-1Сашо Велески – Претседател на ОО на СДСМ Прилеп

Почитувани граѓани,
Овде, на ова место, градоначалникот Ристески вети изградба на современ безистен со деловни простории и подземен паркинг. Превземените обврски на Општина Прилеп требаше да се реализираат до крајот на 2014-та година.
И еве, на два месеци до крајот на рокот, наместо започнување на изградбата на современ деловен простор, во центарот на градот гледаме една огромна рушевина која преминува во депонија и ништо повеќе!


Ништо од капиталниот проект од 10 милиони евра!
Ги нема најавените, нови 150 вработувања!
Никој не знае каде е приватниот инвеститор на кого по пат на лицитација му беше доделен овој атрактивен простор од 1.600 м2 во строгиот центар на градот.
И дали е точно дека поради односот на локалната власт се премислил за оваа инвестицијата, иако е веќе сопственик на земјиштето?
Oчигледно е дека Власта на ВМРО-ДПМНE нема волја и капацитет да обезбеди комплетно уредување на просторот. Уште помалку да изгради нов трговски центар.
Бизнис интересите за владејачката партија се над интересите на граѓаните.
Градоначалниче Ристески на прилепчани им должите одговор: Каде ја видовте економската логика во рушењето на дуќаните на ЈКП Пазари, кои носеа огромен приход за претпријатието, а заради што сега е на раб на колапс?
Почитувани,
СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески, веднаш да запрат со расфрлањето на општинскиот имот, кога не се способни да ги исполнат и наједноставните обврски кон инвеститорите кои бегаат од Прилеп.