Кети Смилеска –Кандидат за пратеник во И.Е.4

(Изјава за Кети Смилеска на средба во населба Тризла2 во Прилеп)

Почитувани,

Денес сме помеѓу граѓаните од населбата Тризла2.

Тука живее поголемиот дел од ромската популација на Прилеп, којашто за жал е најмногу погодена од социјалните проблеми и сиромаштијата.

Граѓаните се жалаат на огромната невработеност, дискриминацијата и непристапноста до здравствената заштита.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ со години ги манипулира и ги лаже, дека ќе им ги реши не само егзистенцијалните проблеми, туку и проблемите со водоводот, со канализација, со Дабничкиот канал.

Ромите заслужуваат подобар живот, рамноправност и еднаквост.

Токму затоа, денес, помеѓу другото, ги промовираме мерките од програмата „За живот во Македонија“ помеѓу граѓаните од населбата Тризла2, со коишто идната власт предводена од СДСМ, ќе им излезе во пресрет.

Обезбедуваме државна социјална пензија за лица над 65 години кои ги немаат остварено условите за пензија, а живеат над 20 години во Македонија.

Секое четиричлено семејства кое живее во сиромаштија и не остварува никаков друг приход ќе добива 12.000 денари месечно.

Го стопираме сомнителното и незаконско доделување на социјални станови, како што е случајот со Прилеп. Станови ќе добиваат исклучиво лицата кои навистина ги исполнуваат законските  услови.

Социјалните станови ќе прераснат во колективни станбени заедници каде што ќе бидат сместени сите ранливи категории граѓани кои имаат потреба од дом.

Воведуваме социјална дебитна картичка – Солидарност.

Ќе ги насочиме парите кај граѓаните. Прво ќе им помогнеме на сиромашните.

Ќе отвориме нови работни мести и ќе ги зголемиме платите.

Имаме план за живот на сите во Прилеп.

План за живот во Македонија.

Затоа граѓаните ќе гласаат за бројот 4.