Режимот во Прилеп, зад параванот крие дебел криминал!

sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ од 17.01.2013


Господо од ДПМНЕ, поддржувачи на режимот,
До каде може да одат лицемерието и манипулациите на градоначалникот во заминување Марјан Ристески? Нека излезе лично градоначалникот и нека им објасни на жителите на У.З. „Општина“, зошто во 8 години не создаде услови за ниту едно ново работно место. Нека им објасни зошто живеат бедно и сиромашно, како никогаш порано?
До кога режимот, со вакви партиски пресови ќе го задскрива криминалот кој се случува во Општината и во Јавните препријатија? Нека излезе Марјан Ристески пред граѓаните на У.З. „Општина“ и нека објасни- каде завршија 800 илјади Евра од „Комуналец“, кои неговиот братучед Златко Ристески-Џекчето, ги скри и не им ги исплати на вработени, пари за кои судот неодамна донесе одлука да им се исплатат на вработените.
Нека излезе Марјан Ристески, и на жителие на У.З. „Општина“, нека им објасни како додека тие гладуваат, законите за луѓето блиски до него не важат, и добиваат плата од две функции, како што е случај со Гордана Мицеска- претседателката на Совет на О.Прилеп, која спротивно на закон ја постави и за директорка на Институтот за тутун.
Нека излезе Марјан Ристески и нека им објасни зошто во страв од пораз на следните избори, функционерите од ДПМНЕ си ги згрижуваат најблиските, како што е случај со Димитар Стеваанџија, кој си ја вработи сестраму како професорка во средното медицинско училиште. Од друга страна, половина од младите од У.З.„Општина“ го напуштија Прилеп во потрага по достоинствен живот.
Се додека се однесувате како аздисана банда, која тепа народ, гази и закон и устав за пари и за лични интереси, се додека ги третирате прилепчани како „мајмуни“ наместо херои, СДСМ не се враќа во институциите ниту на локалнно, ниту на централно ниво. Народот ќе излегува во се поголем број на улиците да си ја бара слободата и иднината на Прилеп! Режимот ќе падне! МАКЕДОНИЈА НАД СЕ!

СДСМ Прилеп
17.01.2013