Рекордни покачувања на платите на здравствените работници

Драгица Николоска – Комисија за здравство на ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ докажува дека води вистинска грижа за пациентите и здравствените работници.

Како одговорна и владеачка политичка партија, свесни сме дека без мотивирани доктори, нема ниту задоволни пациенти.

Затоа, за 25 отсто ги золемуваме платите на лекарите специјалисти, како и 10 отсто на медицинските сестри, мерка која стапува на сила од февруари 2020 година.

Тоа значи дека, заедно со сите зголемувања од минатата година, платата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, а на медицинските сестри над 20 отсто.

Додека пак, вкупното зголемување на платата на општите лекари изнесува 25 отсто и 15 отсто на сите здравствени соработници.

Почитувани,

Само за две години, со домаќински, чесни и одговорни политики, направивме рекордни покачувања на платите на здравствените работници, а медицинските сестри за првпат се вистински вреднувани и почитувани.

ВМРО-ДПМНЕ, со 11 годишното криминално и коруптивно владеење, освен што комплетно го урниса здравствениот систем,  максимално ги понижи и здравствените работници, оставајќи ги да работат во нехумани услови, без соодветна апаратура, со недостоинствени плати.

Сега, СДСМ носи вистински мерки во интерес на медицинскиот кадар, но и на пациентите.

Ги слушаме потребите на здравствените работници и носиме одлуки со кои им го подобруваме квалитетот за работа.

Затоа вложуваме во човечкиот капитал, вложуваме во луѓето, вложуваме во нашите здравствени работници, а со тоа вложуваме и во здравјето на граѓаните.

  

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп