Почитувани граѓани,

Денес, на 15-ти септември – Меѓународниот ден на демократијата, потсетуваме дека реферундумот е најмоќната демократска алатка во рацете на граѓаните.

Со гласот на граѓаните на референдумот во 1991 година, Македонија стана самостојна, независна и суверена држава.

Како резултат на одлучност и решителност, сега имаме горди граѓани и држава која е на вистинскиот пат.

Сега, со нашиот глас на референдумот на 30 септември 2018 година, имаме нова историска шанса за продолжување на демократскиот пат и подобра иднина за Македонија како дел од ЕУ и од НАТО.

Имаме граѓанска должност да учествуваме во градењето на македонската иднина преку гласање на референдумот.

Нашата генерација, исто како и генерациите што ја донеса референдумската одлука во 91-та, е одлучна и сакаме да бидеме дел од големото европско семејство.

Сакаме да исцртаме пат на безбедна иднина, економоски развиена Македонија, како рамноправен партнер со најмоќните европски земји.

Сакаме да ги уживаме сите права и можности како и нашите врсници од Европа. Подобро образование, инвестиции, повисоки приходи.

Затоа во име на нашата иднина и иднината на сите следни генерации, повикуваме на масовно граѓанско, надпартиско обединување за европската иднина на Македонија.

Ја повикуваме опозицијата и сите кои се двоумат, да го подджат реферундумот. Заедно да ја однесеме Македонија кон подобра иднина во ЕУ и НАТО.

На 30-ти септември гласаме ЗА европска Македонија.