Почитуван господине Стевананџија,
Самиот факт што по неколку пати ги преснимувате вашите обраќања, и стравот кој се препознава во вашиот глас, кажува за паниката, раздорот и фракционирањето кои моментално владеат во вашите редови.
Граѓаните знаат дека денес вашата партија ДПМНЕ, е дувло на криминалци и бивши членови на други партии, кои во потрагата по профит и лично богатење имаат сменето и по неколку партиски книшки. Вистинските ВМРО-вци се денес на страната на Сојузот за Иднината.
Ви благодариме на вашата душегрижност за во митингот во Недела, токму во недела Вие лажните патриоти заминувате во историјата.

СО ПОЧИТ:
СДСМ ПРИЛЕП