sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ-СДСМ Прилеп, 28.12.2012

Господо подржувачи на режимот,

Со никакви лаги, манипулации и извртувања неможете повеќе да го задскриете и маскирате, диктаторскиот и фашистички начин на владеење.
Вчерашните расправии и тепачки помеѓу видните фунционери во вашиот Општински комитет, само го потврдуваат распадот на режимот на Груевски и фамилијата.
Сојузот за иднината, никогаш повеќе нема да учествува во фарсите на донесување локален буџет кој е тесно врзан со државниот „пендрак-буџет”, на Груевски, Јанкуловска и Благородна Дулиќ, за која прилепчани се мајмуни.
Марјан Ристески, Ана Лашкоска, Димитар Стевананџија и Миле Јанакиески до денес не се оградуваат од тепањето пратеници, меѓу кои и бремени жени. Не им се извинуваат на прилепчани за навредата дека се мајмуни, а токму затоа наскоро прилепчани ќе ги избришат од политичкиот живот.
Прилепчани имаат право да знаат, дали токму Ристески, Лашкоска, Стевананџија и Јанакиески се режисерите на монтруозниот чин, со кои нивни партиски војник влета во толпа народ?
Со инцидентите кои ги смислувате директно во врвот на ДПМНЕ, нема да ги сокриете бедата, сиромаштијата и немањето на остварливи проекти.
Отпорот продолжува! Прилепчани одат до крај! Секој ден сме побројни! Режимот ќе биде скршен! МАКЕДОНИЈА НАД СЕ!

Со почит
СДСМ Прилеп