Раскрчмувањето на ЈКП Пазари, наградено од Марјан Ристески

sdsmprilep1Одговор на реакција од ЈКП „Пазари”

Почитувани,
Старо-новиот директор на „Пазари” – Пецо Димоски, кој ќе остане запаметен по расипничкото и недомаќинско работење, всушност е заштитен знак за тимот директори на истрошениот градоначалник Марјан Ристески.
Ќе потсетиме, во време, кога со ЈКП „Пазари” раководи Пецо Димоски:
-Падна покривот на пазарот во Прилеп,
-Претпријатието ангажираше неколку надворешни ревизори, кои за ист период прикажуваја различни загуби на претпријатието,
-Скоро дупло се зголеми киријата за тезги во пазарот
-Се продаде млечниот пазар кој е во строгиот центар на градот на преку 1600 М/2, каде претпријатието располагаше со многу дуќани.
– Пазари влезе во загуби и едвај економски преживува.
За ваквото раскрчмување и уништување на Пазари, ДПМНЕ и Марјан Ристески го наградија универзалниот и послушен Димоски, со нов директорски манда.
Покрај се, остана дилемата, дали несудениот директор Ѓорѓиоски, побегна откако се соочи со загубите и долговите, и дали од исти причини го одби и местото раководител на финансии во истото претпријатие !

Со почит