sdsmprilep1Почитувани,
Советничката група на опозицијата во Прилеп, на вчерашната седница на Советот остро протестираше за недостоинственото одбележување на 8-ми септември, од страна на Локалната Самоуправа во Прилеп.
Нема одговор зошто првите луѓе во Општината, Градоначалникот Марјан Ристески и Претседателот на Совет на Општина Прилеп, Никола Димески не се појавија на прославата за чествување на најзначајниот ден во поновата историја на Македонија, Денот на државноста.
Немаше одговор ниту зошто прославата помина во организациски хаос, при што граѓаните и претставниците на политичките партии не знаеа кога, каде и на кој споменик се положува цвеќе.
Градоначалникот Ристески воопшто и не беше присутен на вчерашната седница на Советот, за да објасни од кои причини не се појави на чествувањето.
Советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Прилеп, бара одговори на овие прашања што го засрамија градот херој на денот на одбележувањето на независна и суверена Република Македонија.

Со почит,
ОО СДСМ Прилеп