Промени за нов почеток на Прилеп и Македонија

hlokvenecХари Локвенец Носител на ИЕ 4 од СДСМ
Почитувани,
Македонија и сите кои живеат во неа, заслужуваат вистински ПРОМЕНИ.
Од директните контакти со граѓаните ширум Македонија и од сите разговори за проблемите со кои се соочуваат, произлезе програмата на СДСМ за подобар и поквалитетен живот.
За таа цел Програмата ја темелиме на три столба:
Првиот столб се однесува на економијата и не случајно носи наслов „да ја вратиме средната класа, затоа што тоа е нашата основна цел и визија. Македонија во иднина ја гледаме како општество со бројна и стабилна, економски моќна и финансиски одржлива средна класа граѓани.


Концептот на средната класа значи децата да живеат подобро од родителите. Тоа е основата на овие ПРОМЕНИ за нов почеток.
Вториот столб на програмата предвидува мерки за враќање на правната сигурност на граѓаните, заштита на човековите права, и враќање на кредибилитетот на институциите, кои за жал во изминатиот период целосно беа дискредитирани.
Третиот столб е „да инвестираме во иднината” и е поврзан со мерки за напредок и развој во сферата на младите, образованието, здравството, културата, мултикултурното општество, животната средина, локалната самопурава и надворешното претставување на државата.
Посебно сакам да го нагласам нашиот приоритет, младите да ја проектираат својата иднина во својот град и својата татковина. Ќе понудиме услови и можности тука да работат, тука да креираат, тука да создават свои семејства.
За земјоделците загарантирани субвенции, пласман и исплата. Нивната мака, нивниот труд мора да се плати и да се награди.
Почитувани,
Програмата на СДСМ предвидува власта да им служи на граѓаните, а не да владее со нив.
Нов почеток, нов концепт за ПРОМЕНИ за подобра и посреќна иднина.
Ви благодарам.