elena lk zeni sdsm pressЕлена Ташкоска – Координатор на ЛК на жени на СДСМ Прилеп

 

Почитувани,

Минатата Сабота прилепчани имаа можност, на едно место и во исто време, да ја видат политиката на хуманост и солидарност која ја промовира СДСМ, наспроти лицемерието и валканата кампања на Марјан Ристески и ДПМНЕ.
Во Саботата, активисти на ДПМНЕ, буквално ги обколија штандовите каде се одвиваше хуманитарниот базар и го попречија нормалното одвивање на акцијата, која под мототo „Добрината на дело ” имаше за цел да собере средства, зимница и облека за социјалните и сиромашни семејства од градот.
Срамота, прилепчани не паметат ваков нечовечки и нехуман чин.
Врв на безобразието на владејачката партија, е што со закани и уцени по работните места ги примора вработените од јавната администрација и просветата, буквално како пред пушка да излезат и да го попречат хуманитарниот настан.
Од следните слики, јасно се гледа дека истакнати професори, наставници и директори од средни и основни училишта во градот, под притисок беа доведени да спречат настан, кој меѓудругото имаше за цел да собере средства за помош на многу деца од социјално загрозени семејства.
Ова ли е политиката, која под директива на ДПМНЕ треба да ја спроведуваат вработените во образованието?
Почитувани наставници и професори, зошто дозволувате да бидете манипулирани и деградирани?
Во оваа прилика, сакаме јасно и недвосмислено да кажеме, дека СДСМ секогаш ќе се бори за зачувување на достоинството и дигнитетот на просветните работници. Професионалноста и грижата за образованието и културата на најмладите мора да бидат приоритетите, наспроти заканите и притисоците со кои моментално се соочуваат вработените во просветата.

Ви благодарам

{gallery}2012/dekemvri/dpmopsh{/gallery}