Приоритет на Локвенец и на СДСМ е отворање нови работни места

sdsmlsРеакција на прес на ДПМНЕ од 12.12.2012

Во услови на рекордна невработеност и сиромаштија со која во моментот се соочуваат прилепчани, вашето расфрлање на народните пари за хортикултура, фонтани и споменици во најмала рака е неодговорно и недомаќински.
За разлика од вас, нашите приоритети се отворање нови работни места, задржување на младите во градот и повисок животен стандард за сите граѓани на Прилеп. Затоа денеска, заедно со нашиот кандидат за градоначалник Хари Локвенец, презентиравме еден од таквите проекти, проект за Чиста Петка, со кој ќе обезбедиме 5 илјади нови работни места.
Наспроти вашата безидејност ние излегуваме со конкретни идеи и проекти, со цел да го вратиме достоинството на Прилеп и прилепчани.

СО ПОЧИТ:
СДСМ ПРИЛЕП