sdsmlsРеакција на прес на ДПМНЕ од 06.12.2012

Почитувани гоподо од ДПМНЕ,
Добро познатите удбашки методи на владеење, се симбол на власта на Груевски, пресликана во лицето на Марјан Ристески, со која веќе 8 години ги држите во заложништво граѓаните на Општина Прилеп.
Со притисоци, закани и уцени по работните места, денес докторите несмеат да штрајкуваат, а наставниците и професорите, за жал мораат да спречуваат хуманитарни настани- како што неодамна беше случај токму во Прилеп. Секој кој ќе се дрзне макар со еден збор против ДПМНЕ е јавно линчуван и жигосуван. Ова е власта на Груевски и Ристески.
Почитувани сограѓани, замислете истите тие денес „удираат и плачат”, односно шират лаги и невистини за Хари Локвенец, а за тоа дека истите ќе треба на суд да ги докажат , кукаат дека некој им се заканувал. Невидено лицемерие, типично за ДПМНЕ!
Добро е што преостануваат уште три месеци, кога прилепчани ќе имаат можност за татко на градот да постават успешен и докажан човек, кој наспроти лажните и неостварени ветувања на Марјан Ристески, преку реални и остварливи проекти, ќе го подобри животниот стандард и ќе го врати достоинството на прилепчани.

СО ПОЧИТ:
СДСМ ПРИЛЕП
06.12.2012