sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ од 15.03.2013

Почитувани млади од ДПМНЕ,
Наместо лажно да обвинувате, да манипулирате и да ја продолжувате гнасната и валкана кампања на градоначалникот во заминување Ристески, ве советуваме да се свртите кон вашите редови и во вашата партија со прст да ги посочите предавниците на прилепските бранители.
Нема да Ви биде тешко, и се знаат кои се. Марјан Ристески, кој како член на извршниот одбор на ДПМНЕ даде своја согласност за амнестија на убијците на нашите бранители, а прилепските лицемери и лажни патриоти во парламентот, со насмевка гласаа за истата.За да навредата и омаловажувањето на прилепските бранители, биде уште поголемо, истите овие колективно се согласија и за министер за одбрана го поставија, командантот на УЧК Талат Џафери- можниот нарачател на убиството кај Карпалак.
Затоа, млади од ДПМНЕ, немојте да се чудите што прилепчани почнаа да се срамат од вашето раководство. Не се изненадувајте што предавникот Марјан Ристески го поврзуваат со Талат Џафери. Немојте да бидете изненадени и што голем дел од вашите членови, нема да гласаат за ДПМНЕ. На крај нека ве чуди, што некои искрени патриоти, слободни граѓани, а не партиски послушници, згрозени од вашето предавство, испишале натписи за предавниците.
Со вашата луксузна и скапа кампања, платена од џебот на прилепчани, нема ништо да промените. Граѓаните веќе се одлучија за Хари Локвенец. Чесен и докажан човек, со реална и остварлива програма за нови работни места и вистински промени во Прилеп. На 24 прилепчани ќе го заокружат бројот 42!

 

СДСМ Прилеп