sdsmprilep1Соопштение до јавност

Почитувани,
Одлуката на Локалната Самоуправа во Прилеп, да набави половни автобуси за потребите на градскиот превоз, на долгорочен план многу повеќе ќе ја оптовари касата на Општина Прилеп, а со тоа џебот на прилепчани, отколку набавка на нови автобуси.
Имено, денес, после само неколку денови од официјалниот старт на градскиот превоз во Прилеп, еден автобусите пројави сериозен дефект и со часови остана расипан во центарот на градот. 

busunfallСе поставува прашањето, зошто со дел од парите на прилепските даночни обврзници, беа купувани нови автобуси за потребите на Скопје, а прилепчани мора да се задоволат со автобуси купени „на старо”.

Граѓаните на Прилеп, како една од поголемите Општини во државата, заслужуваат квалитетен јавен превоз со нови возила.
Идната Влада на Социјадемократскиот Сојуз на Македонија, ќе пренаменува поголем дел од државниот буџет за потребите на прилепчани и ќе обезбеди нови автобуси за градскиот превоз во Прилеп.
Граѓаните заслужуваат ПРОМЕНИ за нов почеток и подобар живот.

Со почит,
ОО СДСМ Прилеп