Прилепчани велат НЕ за амнестија на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и ДА за членство во НАТО и ЕУ

Почитувани,

На ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски не им се битни стратешките и национални интереси на граѓаните, ниту иднината на Македонија, нивната единствена цел е одбрана на 12 годишниот криминал и судбината на Никола Груевски и фамилијата.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски ја условуваат иднината на граѓаните со барања за амнестија. Затоа сеат поделби и омраза и ги хушкаат граѓаните едни против други.

Очигледно Петар Ристески – локалниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ, е само слеп послушник на ваквите политики за враќање во црното минато на криминал, корупција, меѓународна изолација, осиромашување и уништување на државата, иселување на младите.

Како резултат на ваквата деструктивност, минатата сабота Мицковски беше пречекан во Прилеп од само неколку партиски приврзаници, а граѓаните одбиваа да се поздрават со него.

Граѓаните порачуваат дека ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски и Ристески, можат да заборават на каква било амнестија. Целосното расчистување на криминалот и насилството од 27 април е врвен државен интерес и за тоа нема никакво пазарање ниту договарање.

Македонија оди напред и нема запирање. Граѓаните се обединуваат и велат ДА за загарантиран македонски идентитет, велат ДА за влез во ЕУ и НАТО, велат ДА за македонската иднина.

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп