sdsmprilep1Соопштение до јавност

Почитувани,
И покрај опструкциите и притисоците од власта спрема автопревозниците, вчера над 3.000 прилепчани беа дел од историскиот протест заедно со останатите 100.000 граѓани, кои во еден глас му порачаа на Груевски: ОДИ СИ!
Вчера не постоеше сила, којашто можеше да ја спречи решеноста и одлучноста на прилепчани, да ја искажат својата волја за промени и подобро утре.
Наспроти ова, денеска власта во Прилеп со закани, притисоци и уцени се обидува насила да ги натера граѓаните на нивниот партиски митинг во Скопје, во одбрана на криминалите на Груевски и врхушката околу него.
Според методите на режимот за кои слушнавме, за „летање од работа“ „завршувања во ендек“ вработените од јавните претпријатија, од средните и основните училишта и од целата администрација, се присилуваат, не само лично да присуствуваат, туку да направат и списоци за присуство со членови од нивните семејства.
Вчера граѓаните на Прилеп сами по своја волја дојдоа и остануваат пред Владата додека Груевски не замине, а денеска се приморувани и присилувани да го бранат!
Ги охрабруваме граѓаните да постапат во одбрана на своето достоинство. Порачуваме дека Груевски со или без негова волја токму поради еден од ваквите механизми на владеење мора да замине.
Навистина има разлика.
Груевски ГОТОВО Е!