Прилепчани не подржуваат протести за заштита на криминалот на Груевски и изолација на Македонија

Соопштение до јавност

Почитувани граѓани на Општина Прилеп,

ВМРО-ДПМНЕ, антизападниот пиун Мицкоски, како и локалниот послушник на
претходната криминална власт на Груевски, Петар Ристески, сакаат да ги
закочат реформите во Прилеп и во Македонија и да се врати 12 годишниот
систем кога во државата царуваа криминалот, корупцијата, непотизмот.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Ристески нудат само деструкции, црнила, блокади и
одбрана на криминалот на Никола Груевски.

Нудат изолација, очај и безизлезност и очигледно се дел од групацијата
којашто се обидува да поткопа секаков чекор за напредок на Македонија и
интегрирање на нашата држава во најмоќните светски организации, ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ повторно во очај се обидува да ги изманипулира и злоупотреби
граѓаните и преку протести за заштита на криминалот да ја закочи иднината на
Македонија.

Мицкоски треба да е свесен дека никогаш нема да успее да го врати времето
кога тој под заштита на неговиот ментор Груевски се стекнуваше со
хидроцентрали, а граѓаните гладуваа.

Македонија и нејзините граѓани ја победија деструктивната матрица на
Груевски, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Македонија оди напред кон светла и
сигурна иднина, кон членство во ЕУ и НАТО и нема враќање назад во црното
минато.

Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп 20.12.2018