sdsmprilep1Почитувани,
Многу слабиот одѕив на граѓаните на Прилеп и малата посетеност на денешната таканаречена Комитска средба во манастирот Св. Димитрија, организирана од ВМРО-ДПМНЕ, е уште една потврда дека и прилепчани и членовите на ВМРО-ДПМНЕ му вртат грб на Никола Груевски.
Не успеваат повеќе ниту притисоците и заканите до вработените во Јавната администрација и ЈК Претпријатија по список да се појават на овие средби.
Граѓаните дознаа за огромниот криминал во изминатите години, а членство на ВМРО ДПМНЕ знае дека партијата им е киднапирана од страна на мала група длабоко навлезена во коруптивни зделки. Затоа одбиваат да се појават на ваквите настани.
Никола Груевски е завршена приказна.
Граѓаните се свртени кон СДСМ. По април 2016 година се очекуваат промени и спроведување на нови политики во интерес на сите граѓани.
Преполната сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и огромниот интерес на граѓаните на дебатата од вториот столб на Визијата за Македонија, покажува дека граѓаните масовно се приклучуваат во процесот на изградба на политиките за просперитетна Република Македонија.