Сабота, 03.12.2016, пазарен ден во Прилеп.

ВМРО-ДПМНЕ со поставен пропаганден штанд покрај пазарот. Напразно и очајно се обидуваат да поделат по некоја печатена партиска брошура на граѓаните.

Но, скоро никој, буквално никој од граѓаните, не сакаше да земе од пропагандниот печатен материјал на власта.

Прилепчани масовно ги одбиваа партиските летоци на ВМРО-ДПМНЕ. Не сакаат ниту да зборуваат со партиските активисти од власта, а камо ли да земат леток.

Ова кажува се’.

Градот херој се буди и вели големо НЕ за криминалецот Никола Груевски.

Доаѓаат промени за живот на сите во Македонија.