Прилепчани ја продолжуваат борбата за слобода

Изјава: Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп
Почитувани,
Пред се сакам да ја искористам оваа прилика на граѓаните на општина Прилеп и на граѓаните н република Македонија да им го честитам празникот на револуцијата 11-ти Октомври.
Тоа е ден кој во историјата го славиме 75 години и еден од најважните моменти за формирањето на Република Македонија.
Ние како генерација мора да ја продолжиме борбата, но, за жал, не кон надворешниот непријател, туку за демократија внатре во Македонија.
Од ова место денеска, организирано прилепчани одиме да се приклучиме на демократските сили на Македонија, коишто се едногласни дека овој ден мора да биде ден кога ќе се врати слободата и демократијата во Република Македонија.

Прилепчани масовно се одѕваа на нашиот повик и покрај лошото време. Ќе бидеме дел од најмасовниот протестен марш во Скопје, ќе ја побараме демократијата назад, ќе ги вратиме слободата и животот во Република Македонија.
Оваа диктатура е неиздржлива за граѓаните повеќе. СДСМ се приклучува сите демократски сили и ги повикува сите граѓани да ни се придружат и конечно од Република Македонија да направиме достоинствено место за живеење.
Нека е честит празникот 11-ти октомври на сите граѓани на Прилеп и на Република Македонија.