Прилеп сардисан од арачите на власта

1403Прес, СДСМ ПРИЛЕП 14.03.2014 – Портпарол Филип Попоски

Почитувани,
Изминативе денови прилепските стопанственици беа предизборна мета на „арачлиите” од Власта, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Прилеп беше буквално „сардисан” од државните даночни инспектори, кои безмилосно казнуваат и без трошка „усул” го полнат државниот буџет, на грбот на осиромашените прилепски дуќанџии.
Дали е нормално и за најситни прекршоци малите бизниси и продавници да се затвораат до 30 дена и да се казнуваат со илјадници евра?
Има ли логика казните да бидат повисоки и од вкупната вредност на стоката во дуќанот?
Јавноста нека процени сама, дали е ова борба со финансискиот криминал во државата, или газење врз достоинството на трговците, кои едвај врзуваат крај со крај?


Незамисливо и недопустливо е на вакаквата скапотија и сиромаштија, казните и глобите за граѓаните да останат на висината на која ги донесе ВМРО-ДПМНЕ.
Спротивно на политиката на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, идната Влада на СДСМ драстично ќе ги намали казните за прекршоци и истите ќе се изрекуваат само за втор престап, односно првиот престап ќе биде санкциониран само со опомена.
Идната Влада на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, ќе ги враќа парите назад во рацете на граѓаните, трговците и дуќанџиите. Предлог мерките од нашата програма предвидуваат директна помош за развој на малите и средни претпријатија.
Се обврзавме да го вратиме достинството на граѓаните од средната класа, тоа и ќе го направиме.
Ви благодарам