sdsmlsОдговор на реакција на ДПМНЕ од 12.12.2012

Почитувани од ДПМНЕ,

Да ве потсетиме, од 21 година независнот 17 години ДПМНЕ раководи со локалната власт , од кои последните 8 години на чело со Марјан Ристески, кој успешно го реализираше проектот : Прилеп рекордер по невработеност и сиромаштија !
Се согласуваме со Вас дека имате уште еден проект со кој успешно ја покривате вашата безидејност, а тоа е : ваше лично богатење, наспроти бедата и сиромаштијата на народот. Опиени од благодетите на власта, од вашите нови џипови и станови во Хрватска, сте изгубиле контакт со реалноста, па не ги гледате бедата и мизеријата во која живеат прилепчани.
На Прилеп и прилепчани им е потребен Хари Локвенец, успешен и докажан човек, кој ќе донесе нова надеж и ќе реализира проекти како „ЧИСТА ПЕТКА”- за 5 илјади нови работни места.

СО ПОЧИТ:
СДСМ ПРИЛЕП