Прилеп е град на сиромаштијата

Соопштение до јавност

Почитувани,

Благодарение на криминалните политики на Никола Груевски и неговиот интерес за провизии, Македонија денес е држава со највисока стапка на сиромаштија во Европа.

Координаторот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Никола Димески, без трошка срам зборува за социјалната политика на власта, а токму Прилеп предничи со бројката на невработени и сиромашни граѓани.

Со каков образ Никола Димески зборува за грижа за социјално ранливи категории, кога Домот за стари лица во Прилеп е потонат во долгови од околу  15 милиони денари, токму од директорите на ВМРО-ДПМНЕ. На што ги потрошија тие пари, кога условите за престој на старите и болни лица, се под секое човечко достоинство!

За каков социјален напредок зборува Никола Димески, кога половина млади побегнаа од Прилеп, барајќи работа и подобар живот во странство! Како е тој социјален напредок, кога најголем дел од домаќинствата во Прилеп, не можат да си ги покријат ниту основните трошоци за живот.

Или, можеби под напредок и успех ги подразбира лажните вработувања во неизградената фабрика Гентерм, и во останатите непостоечки странски инвестиции во слободната економска зона кај Алинци?

Јасна и видлива е паниката кај ВМРО-ДПМНЕ од промените кои неминовно доаѓаат.

Со почит!

ОО СДСМ Прилеп