Прекин на водоснабдувањето во Прилепско поле

sdsmprilep1Почитувани сограѓани,

Веќе една недела трае застојот со водоснабдувањето на земјоделските посеви во прилепско, настанат поради неспособноста на надлежните од ЈП „Прилепско поле“ да отстранат обичен дефект во хидросистемската мрежа.
Земјоделците не можат да ги наводнат земјоделските површини под тутун и други култури.
Земјоделците плаќаат за наводнување, а немаат вода. Плаќаат за одводнување, а секоја година нивните површини се поплавени.
Уште колку штета треба да претрпат прилепските земјоделци за Директорката Гордана Трајкоска да понесе одговорност за катастрофалното менаџирање на ЈП Прилепско поле?
Апелираме, под итно да се санира настанатиот проблем и надлежните да ја извршат обврската за која сите земјоделци одвојуваат значителна сума од нивниот семеен буџет.