Празниот пропаганден памфлет, вратен во ДПМНЕ

valentin mladi sdmm pred dpmneВалентин Божиноски – Претседател на СДММ-Прилеп

 

Почитувани,

Денес од страна на младите од ДПМНЕ, ми беше врачен таканаречениот отчет на градоначалникот. На прв поглед гледаме дека станува збор за скапо и луксузно печатено издание, за кое се издвоени илјадници евра пари од прилепчани – уште еден доказ за недомаќинското трошење на народните пари од страна на Марјан Ристески.
Почитувани млади од ДПМНЕ,
До кога ќе дозволувате да бидете злоупотребувани од страна на веќе потрошениот градоначалник Ристески ?
Дали сте свесни дека во овој таканаречен отчет, не постои ниту еден реализиран, ниту отпочнат проект за подобрување на ситуацијата на младите во Прилеп.
Дали видовте, пред да го поделите овој празен политичко-пропаганден памфлет на Марјан Ристески, дека во него не постои ниту еден проект за отворање на нови работни места за младите од градот.
Дали не гледате дека после 8 години власт на Марјан Ристески, младите се заборавени и оставени среќата да ја бараат надвор од Прилеп?
Затоа почитувани млади од ДПМНЕ, ние, овој празен памфлет – кој е навреда за сите млади во Општина Прилеп, ќе ви го вратиме во Вашето партиско седиште. Со надеж, дека ќе соберете храброст и наместо во приватни локали, во име на револтот од сите млади од градот, ќе го доставите на вистинската адреса и ќе му го вратите на рака на Марјан Ристески.

Ви благодарам

valentin mladi sdmm pred dpmne 3 valentin mladi sdmm pred dpmne 2
valentin mladi sdmm pred dpmne 1