Пратеници

ГОРАН СУГАРЕСКИGoran-Sugarevski

Лични податоци:
Роден е на 03.08.1973 година во Прилеп. Оженет е, има едно дете, Марија.

Образование:
Во Прилеп го завршува основното и средното образование.
Дипломира на Правниот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Магистрира на меѓународната политика и дипломатија при Универзитетот ФОН во Скопје.
Течно зборува англиски и српски јазик.

Професионална обука:
Посетувал обука за државна управа и семинари од областа на безбедноста и одбраната.

Професионална кариера:
Работел како државен службеник, советник – комунален инспектор.

Партиска кариера:
Бил претседател на Локалниот клуб на СДММ Прилеп во периодот од 1997 до 1999 година.
Бил член на Претседателство/Извршен одбор на Општинската организација на СДСМ Прилеп во периодот од 1999 до 2007 година.
Од 2007 до 2009 година бил Претседател на Општинската организација СДСМ Прилеп.

Политичка кариера:
Од 2000 до 2003 година бил член на Советот на Општина Прилеп.
Од 2008 година ја врши функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија.

 

Д-р. ХАРИ ЛОКВЕНЕЦHari-Lokvenec

Роден е на 25.2.1970 година во Прилеп. Оженет и татко на три деца.

Образование:
Во Прилеп го завршува основното и средното образование.

Дипломира на Електро Технички Факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Магистрира на 2008 година на SCHILLER UNIVERSITY во Тампа, Флорида.

Професионално до 2008година е менаџер на фирмата ХА-ЕМ во Прилеп. Од 2008 година работи како предавач на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје.

Политичка кариера:
– Член на СДСМ од 2007 година
– Член на ЦО на СДСМ од 2009 година
– Претседавач со ЦО на СДСМ во мандатот 2011-2012 година