2802Дејан Тошески — Претседател на надзорен одбор на ОО СДСМ Прилеп, тутунопроизводител 

Почитувани,
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бесрамно си поиграа со маката и трудот на тутунопроизводителите. Нивните најави за просечна цена од 180 денари по килограм, а за поквалитетниот тутун и до 200 денари, се покажаа како најобични лаги!
Сепак, манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ не запираат тука. Моменталната просечна цена од 140-150 денари за килограм тутун, ја споредуваат со некои минати времиња на СДСМ, без притоа да кажат за огромните поскапувања на трошоците за живот и производство, со кои ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги осиромашува тутунарите.

Да Ве потсетиме, по просечна цена од околу 140 денари за килограм, тутунот беше откупуван во далечната 1997 година. Но, тогаш, во тоа време, со таа цена на тутунот, македонскиот тутунопроизводител можеше да плати сметки, да покрие трошок и добро да заработи. За споредба :
• Тогаш, во време на СДСМ нафтата изнесуваше 25 денари за литар, а денес со ВМРО ДПМНЕ изнесува 70 денари за литар.
• Ѓубривото, тогаш, благодарение на СДСМ кошташе 600 денари за вреќа, а денес по заслуга на ВМРО ДПМНЕ 1500 денари,
• Огревното дрво, граѓаните го набавуваа по 1000 денари за кубик, а денес во време на ВМРО-ДПМНЕ по 2600 денари.
• Наводнувањето на земјоделските површини, тогаш се наплаќаше по 600 денари за декар, а денес со ВМРО-ДПМНЕ, 1050ден.
Македонските тутунари, а посебно прилепчани, знаат како се живееше од тутунот тогаш, а како денес. На свој грб ја чувствуваат разликата во зголемувањето на цените од над 200%, благодарение на ВМРО-ДПМНЕ.
Пропорционално на цените од 1997 кога СДСМ беше на власт, денес во време на ДПМНЕ, за прилепскиот тутунопроизводител да постигне ист стандард и заработка како тогаш, тутунот треба да се откупува по 300 денари за килограм, а субвенцијата да биде двојно поголема од сегашната!
Затоа, почитувани,
Ние од СДСМ, се обврзавме пред целата јавност, дека ќе реализираме серија мерки со цел да го подобриме животот на производителите на тутун. Идната влада на СДСМ ќе обезбеди навремени и повисоки субвенции за сите земјоделци, ќе воведе бенефициран стаж за земјоделците, укинување на персоналниот данок за земјоделците, зелена нафта, и значително зголемување на инвестициите во системите за наводнување.