DSCN1967Белушанец Силвана – Заменик координатор на Форум на жени на СДСМ Прилеп

Почитувани
Форумот на жени при Општинската организација на СДСМ од Прилеп го одбележува Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, во духот на солидарноста и хуманоста.
Денес, во очи празникот на жената, организираме хуманитарен настан за собирање финансиска помош за нашите сограѓани од селата на прилепскиот дел на Пелагонија, кои претрпеа огромни и тешко надоместливи штети од неодамнешните поплави.


Со ваквиот чин, испраќаме порака на хуманост до жителите од овие села и порачуваме, дека ние жените стоиме рамноправно со припадниците од другиот пол, во справувањето со проблемите и предизвиците кои се исправени пред сите нас подеднакво.
Истовремено, уште еднаш сакаме да потсетиме на вистинското значење на 8-ми Март, како ден на борбата за рамноправност и еднаквост на жената во општеството, а не како ден на „понежниот пол“.
Почитувани сограѓанки,
Во оваа прилика Ве повикуваме да ни се придружите на традиционалниот 8-мо мартовски марш на Форумот на жени на СДСМ, кој утре ќе се оддржи во Тетово. Организиран превоз и тргнување во 7:30 часот од пред седиштето на Општинската организација на СДСМ од Прилеп.
Ве повикуваме да маршираме заедно со другите жени од државата за социјална, економска и политичка еднаквост на жената со мажите во Р. Македонија.
Да прекине дискриминацијата, експлоатацијата и малтретирањето на жените на работните места, како што тоа се прави еклатантно во текстилните фабрики ширум земјата.
Да не дозволиме жената да биде третирана како објект за репродукција и покорување.
Да прекинат стереотипите и предрасудите по однос на жената и да се избориме за суштинско, а не декларативно учество на жената во управувањето на државата.
Ви благодарам