Помош за поплавените во Боротино

pomos sdsm prilep borotino 01Општинските организации на СДСМ од Прилеп и Кривогаштани, денес во заедничка хуманитарна акција, во селото Боротино, собираа вода за пиење за жителите од поплавените села во прилепскиот дел на Пелагонија. СДСМ е секојдневно на терен и се вклучува во справувањето со проблемите и штетите предизвикани од надојдената вода. Апелираме до сите добронамерни граѓани, да помогнат во рамки на своите можности.