Помагаме на социјално-загрозени семејства во пресрет на новата учебна година

Весна Аџулеска – Член на ИО при ОО СДСМ Прилеп

Почитувани,

На само неколку денови пред почетокот на новата учебна година, уште еднаш, како во изминатите неколку години, ќе бидеме дел од подготовките за новата учебна година, за повеќе семејства и дечиња од нашиот град.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е одговорна партија и кога е во опозиција и кога е на власт.

Така во организација на Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Прилеп, ја спроведуваме хуманитарната активност доделување на школски прибор и училишни ранци на деца од семејства во социјален ризик, повеќедетни семејства и семејства кои што имаат дечиња со попреченост.

А целта е, да им се олесни почетокот на учебната година, како и да им оддадеме внимание, водејќи се од принципот достапност и квалитетно образование на секое дете.

На сите дечиња им посакуваме успешен почеток на новата учебна година со желби за успех и напредок.

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп