Почит за загинатите бранители кај Карпалак

114 години почит и незаборав за 10-те прилепски бранители, свирепо и кукавички убиени во заседа кај месноста Карпалак. И после 14 години останува горчина и мачнина во срцата на сите прилепчани, потсетувајќи се на тој суров ден во 2001-та. Но, во исто време 14 години гордост и почит за покажаната храброст и пожртвуваност, достојна на припадници на градот Херој.
СДСМ Прилеп се поклонува пред споменот на прилепските бранители кои го положија животот во одбрана на татковината. Засекогаш ќе го славиме нивниот патриотски чин.
Нека им е вечна слава!