Соопштение до јавност

Почитувани,

Без идеи и без резултати зад себе, немајќи што да им понуди на прилепчани, власта во заминување, денеска си поигруваше со граѓаните на општина Прилеп, поканувајќи ги на свечено пуштање во употреба на веќе отворено спортско игралиште.

Локалната самоуправа, вчера лиферуваше покана до медиумите во која ги покани на свечено пуштање на стадионот со вештачка трева во населбата типски, со напомена дека настанот ќе биде отворен во присуство на премиерот Груевски.

Исто така, и раководството на Урбаната заедница „Аличаир“, бесрамно изманипулира со граѓаните и ги покани на свечено пуштање во употреба на стадионот во типската населба.

Тоа е истото спортско игралиште, на чие место најпрво требаше да никне училиште, па потоа затворен олимписки базен, на кое минатата година градоначалникот Ристески заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, делеа спортска опрема како донација на ФФМ за учениците од спортската академија.

Бидејќи нема отворање на нови фабрики туку виртуелни инвестиции после кои остануваат само дупките од фрлените лопати, Груевски дојде на отворање на веќе отворено спортско игралиште.

Уште колку пати предизборно ќе биде пуштано во употреба спортското игралиште во типската населба?

Заради безидејноста, поигрувањето и потценувањето на граѓаните на општина Прилеп, денешната посета на Груевски помина без поддршка на прилепчани.

Граѓаните на Прилеп му порачуваат: ЗБОГУМ НИКОЛА!

Со почит!

Центар за Комуникации со јавност СДСМ Прилеп