Filip PoposkiФилип Попоски – Портпарол на ОО на СДСМ Прилеп

Почитувани, 

Завчера, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ пропушти уште една можност да покаже дека Република Македонија може да биде социјална држава. 
Дека државата може и треба да му помогне на човек кога му е најтешко.
По петти пат, одкако е на власт, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ велат НЕ за помош на стечајците! Нема пари за решавање на проблемот на 6000 луѓе, меѓу кои и граѓани на Општина Прилеп, кои не по своја вина останале без работа, без приходи, на раб на преживување.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Р.Македонија, во чии редови седат прилепчаните Димитар Стевананџија, Ана Лашкоска и Панче Дамески, гласаше ПРОТИВ предлог законот на СДСМ, за 6300 ден. месечен надомест од државата за стечајните работници. 

Г-дине Стевананџија, покрај Вашата пратеничка плата од над 1000 евра, во вашето потесно семејство влегуваат уште две буџетски плати, онаа на Вашата сопруга стоматолог во детски амбуланти, и на Вашата сестра која неодамна ја вработивте во средното медицинско училиште. 
Зошто не покажавте барем малку доблест, па со Вашиот глас да се одделеја по 6300 ден. буџетски пари, од народот, за решавање на маката на прилепските стечајци?
Г-ѓице Лашкоска, Вашиот брат го поставивте за член на бордот на дирекори од ТУТ-КОМ, вашата мајка директорка на ОУ „Добре Јованоски” а Вие сте пратеник со Собрание на Р.Македонија. 
Не ли е лицемерно и безобразно, во Вашата фамилија да се слеваат вкупно неколку илјади евра, како три буџетски плати, а да не поддржите по 100 евра помош од државниот буџет за стечајците? 
Г-дине Панче Дамески, Вашата сопруга како вработена во Агенција за ветерина, и Вие лично како поранешен извршен директор на Тутунски Комбинат-Прилеп, и по втор пат пратеник во Собранието на Р.Македонија, сте долго време на платен список од државата. 
Не се ли чувствувате посрамотен, што не гласавте за, истата таа држава да им помогне на луѓето кои сега немаат ни за корка леб? 
Почитувани граѓани,
Наместо лото манипулации, СДСМ ќе води вистинска социјална политика. Законот за стечајците ќе биде донесен во првите 100 дена од Владата на СДСМ и ќе важи за сите оние кои се останати без работа, заради стечај, ликвидација, или технолошки вишок на претпријатијата со државна сопственост заради нивна приватизација.