Почитувани граѓани на Општина Прилеп,

Почитувани пензионери,

Македонија во минатото била исправена пред многу предизвици и секогаш избирала иднина.

Сите сме горди на Илинден, на АСНОМ, на Референдумот од 1991 година, како најважни историски моменти од борбата за нашата независност и државност.

Повозрасните повеќе пати докажаа дека знаат да носат вистински одлуки во клучни историски моменти, така треба да биде и сега.

Сега треба да покажеме дека сакаме сигурна и безбедна иднина за нашите деца, за нашите внуци и поколенија.

Имаме должност и обврска да обезбедиме подобар живот на идните генерации.

Затоа, ние пензионерите, во овие историски моменти за државата повикуваме на национално обединување околу стратешкиот интерес на Македонија да стапи во сојуз со најмоќните држави, како рамноправна членка на НАТО и ЕУ.

Да излеземе ЗА економски развиена Македонија со подобар живот на сите наши граѓани и за сите наши деца.

Да излеземе за европска Македонија со признат и заштитен македонски идентитет, неоспоруван повеќе од никого.

Да излеземе за безбедна Македонија со заштитени државни граници.

Никој повеќе да не се двоуми, секој глас е важен и потребен.  Да покажеме лична одговорност за иднината на државата, затоа што овој историски момент е поголем од сите партии и од сите наши лични интереси.

На 30-ти септември правиме нов историски и врвен патриотски чекор, гласаме ЗА европска Македонија.