Валентин Божиноски – Член на Совет на Општина Прилеп

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во рацете на осудениот криминалец и бегалец од правдата, Никола Груевски.

Ништо не се менува во режимската партија, на чие чело стои послушникот и продолжена рака на Груевски, Христијан Мицкоски.

Најдобар пример за тоа, е повторното именување на екс градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески за претседател на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Против старо-новиот претседател на комисијата за локална самоуправа, Марјан Ристески се покренати повеќе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување, како градоначалник на Општина Прилеп.

Оној кој работел спротивно на Законот за локална самоуправа, за што бил осуден со судска пресуда, Мицкоски го поставува за прв човек на партиската комисија за локална самоуправа.

Имено, за несовесно работење во службата и прекршување на одредбите од Законот за локална самоуправа, Ристески беше осуден на условна казна затвор во траење од 6 месеци, одземена му е патната исправа, со обрска еднаш неделно да се пријавува во Основен суд – Прилеп.

Очигледно, тоа што Марјан Ристески, работел спротивно на Законот за локална самоуправа и на уште неколку други закони, за Мицкоски не е доволна причина да се дистанцира од него и нему сличните.

За Христијан Мицкоски – сопственикот на хидроцентрали, стекнати во време на режимот на Груевски, не е проблем ниту фактот што се’ уште прв човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп е Петар Ристески, кој неодамна физички се пресметуваше со негов колега стоматолог, во центарот на градот.

Заради сето ова, Марјан и Петар Ристески, треба веднаш да поднесат оставки од партиските функции и да се повлечат од политиката.

Се’ додека за Мицкоски и неговите истрошени партиски кадри, зборот оставка е мисловна именка, ВМРО-ДПМНЕ останува назадна, режимска и криминална партија, која долги години ќе остане во опозиција.

Наспроти тоа, СДСМ останува посветена на напредокот и позитивните промени во сите сфери во државата.

Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп