sdsm prilep 8mart 2014 14Изјава, Кети Смилеска – Координаторка на форум на жени при СДСМ Прилеп

Почитувани,
Во пресрет на 8-ми Март – меѓународниот ден на жената, ние, членките од форумот на жени при ОО на СДСМ од Прилеп, поддржани од припадниците на машкиот пол од нашата партија, со симболично поклонување на цвет, им го честитаме празникот на нашите сограѓанки.
Истовремено, под мотото „јас одлучувам, јас избирам – за еднакви можности “, ги повикувам сите жени од нашата Општина, да ни се приклучат на утрешниот осмомартовски марш, кој ќе се оддржи во Штип – градот каде македонската жена е најмногу експлоатирана во текстилната индустрија. Организиран превоз и тргнување во 8 часот, од пред седиштето на Општинската Организација на СДСМ Прилеп.
Со ваквиот марш, сакаме да потсетиме на вистинското значење на 8-ми Март, дека не е ден на жената како „понежен пол”, туку ден кога ја одбележуваме борбата на жената за рамноправност, еманципација и мир.


Без сразмерна политича застапеност на жената, неможе да биде остварено основното начело на рамноправност на половите. За жал, полето на политиката, како поле на моќ и одлучување, е далеку понедостапно за жените отколку за мажите и во него жените се драстично помалку застапени.
Во таа насока, идната Влада на СДСМ, не само декларативно, туку искрено и одговорно ќе работи на целосна економска и социјална рамноправност на жената во сите општествени слоеви, со посебен акцент на младите невработени жени.
Почитувани, социјалдемократијата е историски поврзана со борбата за права на жените. Во тој контекст, ние се залагаме за:
• Право на избор за создавање семејство и потомство.
• Економска независност на жената.
• Заштита на жената работничка од експлоатација и дискриминација.
• Семејство во кое родителите се со еднакви права и одговорности.
• Ефикасен систем на социјална заштита.
• Квалитетно здравство и образование, достапни за сите подеднакво.
• Еднаков пристап спрема жените и мажите на пазарот на труд – жената не смее да биде последна за вработување, а прва за бркање од работа!
• Истовремено се залагаме за почитување на нашата, македонска традиција, но не на штета на жената.

Ви благодарам