sdsmprilep1ОДГОВОР НА ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ОД ЛОКАЛНА САМОПРАВА ПРИЛЕП, 13.01.2015

Почитувани,
Локалната Самоуправа на Општина Прилеп, потврди дека фирмата ПЕЛА ТРАНС, работи без потпишан договор со општината и без законски спроведен тендер за сезона 2014/15 година!
Општина Прилеп потврди дека одржувањето на улиците во зимски услови е доверено на фирма, чиј директор, како што е објавивме е близок роднина на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески!
Од општината само не кажаа дали роднинските врски помеѓу министерот Јанакиески и фамилијата Синадиноски, се причината поради којашто токму оваа фирма, неколку години по ред го добива тендерот за чистење на улиците.
Овие законски прекршувања, во која било демократска земја ќе беа веднаш предмет на истрага на надлежните институции.

Со почит,
ОО СДСМ Прилеп