sdsm prilep gosti od svedska 05Почитувани,
Општинската Организација на СДСМ од Прилеп успешно ја продолжува соработката со сестринската социјалдемократска партија СДП ОСТЕРШУНД од Шведска, во рамки на проектот „ПРОС“, кој е започнат во 2009 година заедно со шведските партнери и под покровителство на институтот Олоф Палме. 
Во таа насока, овие денови во работна посета на ОО на СДСМ Прилеп престојуваат г-ѓа Лена Беклејн – пратеник во Собранието на регионот Јампланд во Шведска и координатор на проектот, како и г-дин Стефан Факс – политички секретар на партијата за истиот регион. 
Според предвидените активности на проектот, гостите веќе оддржаа работилници и обуки за лидери со членовите на Локалниот Клуб на млади и Форумот на жени при СДСМ Прилеп, имаа состанок со Извршниот Одбор а следуваат работни средби и со другите органи при Општинската Организација. Работилниците се спроведуваат по системот „работа во помали групи“, кој е официјален и докажан начин на учење во Шведска.
Целта на самиот проект е зацврстување на социјалдемократијата помеѓу младите и жените, размена на политички искуства, зајакнување на внатрешните капацитети и на партијата во општеството, како и привлекување на нови членови и поддржувачи. 
Заради успешната организација и позитивните ефекти, проектот ќе продолжи да се спроведува и во наредната 2015 година.

Со почит,
ОО СДСМ Прилеп