Оливер Спасовски во неформална посета на СДСМ Прилеп

Генералниот секретар на СДСМ и актуелен Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денес беше во партиска посета на Општинската организација на СДСМ Прилеп. Притоа, за време на кратката посета заедно со општинското раководство и пратениците од Прилеп направија кратка прошетка низ чаршијата и остварија неколку неформални средби со граѓани на општина Прилеп.