Одговор на писмена реакција од ОК ВМРО ДПМНЕ на прес од Хари Локвенец

sdsmprilep1Почитувани,
Целата македонска јавност е згрозена од безобразноста и бездушноста на Миле Јанакиески, со која гордо направил упад во слободарски Прилеп.
Вистина излезе на видело и никакви извртувања на тезите кои во очај ги пласира режимот, веќе не поминуваат кај граѓаните. Ниту, пак, СДСМ и граѓаните на Македонија ќе дозволат спроведување на некакви црни сценарија, кои се вртат во режимските кујни на ВМРО-ДПМНЕ.
Уште еднаш, му порачуваме на министерот задолжен за казни, „пиштења, вриштења“ и заплашување на цели семејства, дека Прилеп едногласно ја бара неговата оставка!
Ваква брутална одмазда врз Прилеп од човек кој живеел, растел и се образувал во истиот, е незапамтен во историјата на градот. Прилепчани се освестуваат, го осудуваат и ќе го казнат овој нечовечки чин на Миле Јанакиески, со цел тој и таквите како него да ги тргнат своите канџи од Прилеп и Македонија, еднаш и засекогаш.
Да живее слободарски Прилеп!

Центар за комуникации
ОО СДСМ Прилеп