Одложени сите операции во прилепската болница

sv0709Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите

Со својата неодговорност и негрижа за здравјето на прилепчани ВМРО ДПМНЕ ја блокираше работата на прилепската болница Борка Талески.
Од пред неколку дена, се одлагаат сите операции на хирургија, гинекологија, ортопедија, како и на очното и ушно одделение во болницата.
Граѓаните се оставени сами на себе, за каква било каква хируршка интервенција се упатуваат во другите болници низ државата.
Причина за ова се неисправните апарати за анестезија, кои воопшто не биле сервисирани. Одделението за анестезија и реанимација, долго време е во катастрофална состојба, а моментално е оставено и без раководител.


Се потврдува дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, немаат капацитет да обезбедат квалитетна здравствена заштита за граѓаните на општина Прилеп.
Прилепчани се оставени на милост и немилост на лошите состојби со Јавните здравствени установи во Прилеп и на неодговорноста на власта во заминување.
Граѓаните на Прилеп живеат во невидена сиромаштија и немаат средства за приватни лекувања, како и најголем дел од граѓаните во државава.
За ваквиот потценувачки однос кон здравјето на прилепчани, и за евентуалните несакани последици, одговорност ќе има!
Го повикуваме градоначалникот Марјан Ристески, да покаже барем малку интерес за катастрофалната состојба на прилепската болница.