sdsmprilep1Почитувани,

Наместо господинот Спиркоски, управителот на ДООЕЛ „Тутун” и послушник на Груевски да ја лаже јавноста, треба веднаш да им објасни на тутунарите зошто просечната цена е 150 ден по килограм тутун, и е далеку од ветените 200 денари.
Господата од ДПМНЕ, наместо да си поигуваат со судбината на тутунарите и да испраќаат прдвреме по шаблон пишан и реакции, треба да одговорат зошто се откупија само 23% од ветените 6 милиони килограми тутун, притоа треба веднаш и неодложно да се заложат, да се иаготви план за откуп на целиот тутун од годинешната реколта.
Груевски и Коњановски, да не дозволат да им пропадне трудот на тутунарите, со цел и оваа година да не се повторат немилите настани од минатите години, кога тутунарите со протести си ги бараа сопствените пари.

Со почит,
Центар за Комуникации со Јавност
ОО СДСМ Прилеп